дома Македонија Сpeдбa нa Пендаровски co eвpoaмбacaдopoт Гиp

Сpeдбa нa Пендаровски co eвpoaмбacaдopoт Гиp

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија за 2021 година.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство што Европската Комисија повторно го констатираше напредокот на Република Македонија во исполнувањето на потребните реформи и во извештајот ја реафирмираше подготвеноста на државата за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

-Претседателот Пендаровски изрази очекување за скорешно усвојување на преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Македонија која ќе го означи почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

На средбата, соговорниците разговараа за клучните оценки во извештајот, којшто според претседателот Пендаровски претставува објективна слика за состојбите во државата.