дома Македонија ТАЛАТ СО НАВРЕДИ ДО НИКОЛА ГРУЕВСКИ: Не очекувал таква реакција од Груевски,...

ТАЛАТ СО НАВРЕДИ ДО НИКОЛА ГРУЕВСКИ: Не очекувал таква реакција од Груевски, иако самиот тој на срамен начин ја уназади Македонија за два века

Талат Џафери во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека бил подготвен за одредена реакција од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ при носењето на Законот за јазиците, но не очекувал таква реакција каква што имаше Никола Груевски.

-Јас очекував дека ќе има реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Не очекував дека Никола Груевски е дојден во таква психолошка ситуација на таков начин како поранешен премиер , 11 години ја водел оваа држава, како премиер од чија влада сум бил министер, избран со негово мнозинство пратеници, како претседател на една сериозна политичка партија која владеела со државата, да се однесува на таков начин не сум претпоставувал ни во сон. Но, уште претходно од пратениците од мнозинството побарав никој од нив да не станува од место, што и да се случи во салата, зашто тоа не е нивна работи. Тие не ги расчистуваат тие работи. Работа на претседателот на Собранието е да воспостави ред во собраниската сала и тој одлучува на кој начин ќе го направи тоа. Јас одлучив што и да се случува околу мене, јас да не бидам дел од тоа, рече Џафери.

Широката јавност сепак го поздрави начинот на кој екс-премиерот Никола Груевски се обиде да го спречи нелегалното изгласување на законот за двојазичност, по дикатат на Талат Џафери и владеачкото мнозинство на чело со СДСМ и ДУИ.

На срамниот 14.март, со отфрлање на амандманите поднесени од опозицијата и ускратување на врвното демократско право на дискусија во Собранието на Р.Македонија, Џафери го стави законот на гласање.
Истиот не беше изгласан согласно деловничките процедури, а дел од гласањето не е ниту верификувано со помош на електронскиот систем на гласање.

-Како Претседател на Република Македонија јас ова нема да го дозволам. Затоа, нема да потпишам Указ за прогласување на закон кој е донесен на ваков начин. Закон со кој се злоупотреби европското знаме, закон за кој не се водеше дебата по амандманите кои произлегоа од моите укажувања, закон кој се изгласа вон сите процедури, закон кој е противуставен и закон кој ги крши дадените гаранции – изјави претседателот на државата веднаш по срамниот чин во Собранието.

Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон – пишува Иванов во соопштението.