дома Занимливости ТАМАРА СО ПОРАКА ДО СЕСТРАТА НА АДЕЛИНА: „Аделина, подобро пее од тебе!“

ТАМАРА СО ПОРАКА ДО СЕСТРАТА НА АДЕЛИНА: „Аделина, подобро пее од тебе!“

Изминатиот викенд во Македонската филхармонија се одржа фестивалот за детска песна со најголема традиција во земјава – „Златно славејче“.

Меѓу многуте дечиња со желба за пеење, се претстави и помалата сестричка на албанската пејачка Аделина Тахири која очигледно сака да оди по стапките на својата дадичка.

Во публиката пак, заедно со сопругот и ќеркичката Хана, беше и пејачката Тамара Тодевска која со фотографија го меморираше настапот на малата Тахири, па па постави на својот „Инста стори“.

Во дополнување на фотографијата Тамара имаше порака до својата колешка и тазе мама Аделина, па и порача:

-Аделина Тахири, боље пее од тебе, напиша Тамара, а со тоа ја поддржа малата идна пејачка која можеби еден ден ќе биде како нејзината позната сестра.

Извор: vistina.com.mk