дома КОВИД-19 (Коронавирус) Таравари позитивен: Без анти-koвид мepkи сме opужје еден на друг

Таравари позитивен: Без анти-koвид мepkи сме opужје еден на друг

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар објави дека е позитивен на коронавирусот. Тој веста ја сподели на фејсбук за, како што рече, помогне да се лоцираат сите негови контакти. Таравари смета дека треба да има построги рестриктивни мерки.

„Почитувани пријатели и колеги, штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот SarasCov-2. Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во ова оро, никој не може да се заштити сам. Со тоа што не спроведуваме анти-ковид мерки, своеволно се претвараме во оружје еден за друг. Јас ке бидам под силен надзор на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè, напиша Таравари во својата објава на фејсбук.