дома Македонија ТАРАВАРИ СИ ЛЕГНА НА БРАШНОТО:Ако има понуда од Заев за влез во...

ТАРАВАРИ СИ ЛЕГНА НА БРАШНОТО:Ако има понуда од Заев за влез во Владата, партијата ќе ја разгледа

Алијанса на Албанците е првата опозициска и најголема албанска политичка партија,  истакна денеска Арбен Таравари, кој присуствуваше на конгресот на едното крило на БЕСА, каде што беше избран Биљал Касами за лидер на партијата.

„Ние разговараме со сите пратеници и пратенички групи. Немаме конкретна понуда. Ако има понуда од Заев за влез во Владата, партијата ќе ја разгледа“ – додаде Таравари.