дома Политика Тасевски: Македонија е постаната матица на kpиминал

Тасевски: Македонија е постаната матица на kpиминал

Во емисија на радио Лидер гостуваше актерот Сашо Тасевски кој кажа дека Македонија е постаната матица на криминал и дека корупцијата во другите држави е контролабилна, додека во Македонија корупцијата е правило, а не исклучок.

-Проблемот е што сме ние матицата за корупција. Корупција има сегде во светот има во Словенија има во Америка, Норвешка, но таму корупцијата е контролабилна и таму е претежно исклучок истакна Тасевски.

Дополнително Тасевски истакна дека Македонија има сериозен проблем бидејќи е рангирана како најкорумпирана држава во Европа според извештајот на Транспаренси Интернешнл.

-Ама кога е во некоја земја правило корупцијата како што е кај нас тогаш имаш проблем. Како што имаме ние проблем да сме најкорупирана земја во Европа со последново нели мерење на Транспаренси Интернешнл, појасни Тасевски.