дома Социјални Мрежи Тасевски: Не му можеа ништо на Јакимовски со црната кампања, заслужува да...

Тасевски: Не му можеа ништо на Јакимовски со црната кампања, заслужува да победи затоа што го знае пулсот на карпошани

Стевчо Јакимовски одигра храбра и конкретна кампања, вели Сашо Тасевски, кој му посака нова победа на поранешниот градоначалник на Општина Карпош.

„Намерно не велам одработи. Зашто знае што сака да направи со Карпош. Го знае пулсот на карпошани. Затоа гласаа за него во првиот круг. Не му можеа ништо со црната кампања против него. Не отстапи. Му посакувам чиста победа во недела. Со голема разлика. Заслужи, вели Тасевски.