дома Македонија Тасевски: Ние сме ти голубарник или кочина, во швајцарски или германски затвор...

Тасевски: Ние сме ти голубарник или кочина, во швајцарски или германски затвор земаат поголема плата од кај нас

Плата на затвореник во германски затвор е 620 евра. Ако те затворат во Швајцарија и садиш патлиџан во затворската еко градина, ќе земаш плата од 800 франци.

Затворска плата. Значи, во затвор си и државата те плаќа 800 франци. Ова се факти господа дудлачи партиски. Со плати од 200 до 500 евра, ние овде не сме му дораснати ни на затвор во Германија и Швајцарија. Значи сме ќумез, голубарник или кочина, така нешто.

Ете во толкава мизерија живееме 28 години. И после зошто заминуваат Македонците во Германија и Швајцарија на печалба? Зашто и во затвор ќе им биде подобро од тука.

Фејсбук статус на актеорт Сашо Тасевски.