дома Балкан Тачи на средба со Ердоган во Турција

Тачи на средба со Ердоган во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го прими во палатата Вахдет во Истанбул претседателот на Приштина, Хашим Тачи, а фотографиите од средбата беа објавени на Твитер.

Пред две недели, турските власти реагираа на одлуката на Приштина да формира амбасада во Ерусалим, во рамките на договорот за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина, кој беше потпишан во Вашингтон. Турското Министерство за надворешни работи изрази „крајно paзочарување“.

Турција беше една од првите земји што ја призна самопрогласената независност на Косово во 2008 година.