дома Актуелно ТАЈНА СРЕДБА ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС: Половина амбасада на средба со раководството на...

ТАЈНА СРЕДБА ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС: Половина амбасада на средба со раководството на БЕСА и гости од Косово!

Попладнево во Александар Палас се одржува тајна средба помеѓу раководството на БЕСА и претставници од амбасадта на САД, во друштво на голем број на лица од Косово

По тајните средби помеѓу Зоран Заев и раководството на радикалната БЕСА и посетата на Арачиново од страна на Спасовски и Николовски со криминалното подземје, попладнево во хотелот „Александар Палас“ се одржува тајна средба за која сеуште нема информации за што се разговара.

Она што го знаеме е дека на средбата со раководството на БЕСА се присутни голем број на претставници од амбасадата на САД, како и гости од Косово.

Експертската јавност претходно средбите помеѓу Касами и Заев ги коментираше како припрема за предизвикување на нови немири и нова криза откако не успеаа да ги испорачаат резултатите кои ги ветуваа пред албанската дијаспора, но и нивните покровители од странство.

Претходно, на средби помеѓу раководството на СДСМ и криминалното подземје на Косово остваруваше Мухамед Зекири кој во неколку наврати беше забележан на Генерал Јанковиќ на средба со косовските државјани Халил Љури, Самиај Ремзи- Мија, Виља Бурим, Шити Нусрет и Шити Емин, сите со дебели криминални досиеја, припадници на криминални екстремни и терористички групации.

Освен ова, Заев имал и интензивни средби со екс-генералот на УЧК и висок офицер во Косовските безбедносни сили Кадри Кастрати, кој од Заев, а преку неговиот соработник Закир Бекири – Чауш купувал од незаконски прислушуваните разговори.