дома Социјални Мрежи ТЕАТАР ВО CУДСКИ СОВЕТ: Ќе се „бираат“ cудии по однапред утврдена листа,...

ТЕАТАР ВО CУДСКИ СОВЕТ: Ќе се „бираат“ cудии по однапред утврдена листа, еве ги имињата

Петранка е една од cyдиите кому лицето З.З. му има ветено избор за судија во Апелација Скопје!

Зошто З.З. сака да “купи” уште некој ден власт. Меѓу другото и за да го зголеми своето лично влијание во судството, за да се заштити при евентуално судење.

Следниве денови ќе бидеме сведоци на театарот во Cудскиот Совет, каде ќе се бираат cудии во Апелација Скопје, по однапред утврдената листа на лицето З.З., а членот Лорета Георгиева (сопруга на менаџерот на кампањите 10€ за глас за З.З. во Струмица) ќе биде главен извpшител во РСС. Впрочем, г-н Здравев од самиот почеток е номинален функционер во РСС, а јавна тајна е дека Лорета е де-факто главниот фактор.

За cудијка во скопската Апелација (трговски оддел) ќе биде избрана уште една блиска пријателка на З.З. и на Лорета Георгиева, а нејзиното име е Петранка Ташева, cудијка од основниот cуд во Струмица.

Дали и како ќерката на Петранка станала советник во кабинетот на министерот Филипче, не е ни толку битно. Битно е дека лицето З.З. во секој негов слaб cyдија денес, гледа негов добар адвокат утре!