дома Хроника ТЕПАЧКА И ВО ХОТЕЛ: Прославата за Православна Нова Година со тепачки помеѓу...

ТЕПАЧКА И ВО ХОТЕЛ: Прославата за Православна Нова Година со тепачки помеѓу другари и роднини

На 13.01.2018 година во 16.45 часот пријавено е дека во хотел во Скопје, настанала расправија меѓу К.Д. и И.Д. (55) од Скопје, при што К.Д. го удрил И.Д. во пределот на лицето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Тепачка меѓу роднини во Охрид

На 13.01.2018 година во 17,15 часот во Охрид, дошло до меѓусебна расправија помеѓу А.Х. (55) од Охрид и неговиот роднина У. Х. (60), при што А. Х. со нож го прободел У. Х. во пределот на раката и главата.

Повредениот бил пренесен во Медицински центар -Охрид, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Клиничкиот центар-Скопје,додека А.Х бил приведен во СВР-Охрид.