дома Политика ТЕПАЧКИ ПОМЕЃУ ЧЛЕНСТВОТО НА СДС: Меѓусебна тепачка во битолскиот огранок на партијата...

ТЕПАЧКИ ПОМЕЃУ ЧЛЕНСТВОТО НА СДС: Меѓусебна тепачка во битолскиот огранок на партијата на Заев!

Расте незадоволството во битолскиот огранок на СДСМ во пресрет на локалните избори закажани за 15-ти октомври. Довчерашните закани и нетрпение помеѓу од членството преминаа во физичка пресметка помеѓу самите членови на владејачката партија.

 

Имено, Зоран Х., истакнат активист на СДСМ од Битола, вчера полпладне бил физички нападнат од како што самиот вели, „одредени лица по нарачка на висок фунционер на партија“.

-Ми се заканија дека ќе ме следат во чекор и дека ќе завршат со мене заради мојот стаус кој засегна некои луѓе. Животот ми е загрозен максимално од таа багра на рекетари и осуденици. Пријавив до надлежните институции, но превземам мерки и за моја безбедност, како и безбедност на моето семејство.

 

Тој додава дека сите последици кои во иднина би настанеле, доколку повторно биде нападнат ќе ги сноси нарачателот и притоа порачува дека неговите роднини и пријатели нема да седат мирни и ќе се реагира одбранбено.

 

Низ битолската чаршпија се коментира дека напаѓачот на Зоран Х. е Зоран П., кој исто така е истакнат активист на СДСМ од овој град и близок до раководството на партијата.