Зошто Тетово сеуште е еден од најпроблематичните градови и општини во Македонија со водоснабдувањето?
– затоа што слабо се инвестира во подобрувањето на водоводната мрежа и водоснабдувањето во Тетово!
– затоа што во водоводниот систем има недопустливо огромни губитоци на вода- над 75%!
– затоа што има енормен број диви приклучоци на водоводниот систем!
– затоа што секојдневно никнуваат нови и нови дивоградби, а капацитетите на водоснабдување остануваат исти!
– затоа што сеуште поголем број од Тетовчани пијаат вода од стари дотраени азбестни цевки!
– затоа што има превработеност и пренатрупани загуби во Јавното претпријатие!
– затоа што решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Тетово е со несериозен пристап од локалната Власт сите овие години на штета на Тетовчани!!!
Оваа ли е таа “успешна, европска” градоначалничка која ги остава без вода своите жители во 21-ви Век,кога во исто време Илон Маск спрема “Space X” шатл за колонизирање на Марс? – реагираат од Комисијата за локална самоуправа.
Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.