Откако завчера градоначалникот на Струга Рамиз Мерко го прекрши законот и испровоцира меѓуетнички тензии со поставување само на албанско знаме по главните улици ноќеска истото се случи и во Тетово – пренесува Експрес.мк
На сите главни сообраќајници во чест на денот на албанското знаме се закачени само албански знамиња без да се закачи и државното знаме.
Градоначалник на Тетово е Теута Арифи која што во 2011 година беше во врвот на ДУИ кога заедно со ВМРО-ДПМНЕ се носеше законот за употреба на знамињата на малцинствата.
Според тој закон покрај албанското знаме секогаш мора да биде поставено и државното но притоа тоа треба да биде со поголеми димензии.
Во случајот со Тетово воопшто нема никакво знаме.
Откако вчера реагираа медиумите во делови од Струга попладнето беше закачено и државното знаме со исти димензии како и албанското.