дома Хроника ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ЛИСИЧЕ: Судир помеѓу мотор и комбе – има повредени!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ЛИСИЧЕ: Судир помеѓу мотор и комбе – има повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила во скопската населба Ново Лисиче. Според очевидците, повредени се неколку лица, а до несреќа дошло кога комбе се судрило со мотор, па моторот од силниот удар изгубил контрола и удрил во пешаци кои поминувале на пешачки премин, јави Прес 24.

За среќа, во моментот на несреќата случајно поминало возило на Брза помош, па веднаш интервенирале.

За сега нема информации каква е состојбата на повредените.