дома Хроника ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПСКО: Изгубил контрола над моторциклот и се забил во...

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПСКО: Изгубил контрола над моторциклот и се забил во сообраќаен знак!

Во текот на вчерашниот ден во 12:40 часот на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, атар на село Нова Брезница, мотоцикл “Кавасаки-550“ со скопски регистерски таблици управуван од Ф.Ш.(25) од Скопје изгубил контрола и удрил во сообраќаен знак.

Ф.Ш. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.