дома Хроника ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ РАДОВИШ: 12 лица од Бангладеш и Шри Ланка повредени...

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ РАДОВИШ: 12 лица од Бангладеш и Шри Ланка повредени во сообраќајка!

Во тешка сообраќајка на патниот правец Штип-Радовиш повредени се 12 лица од Бангладеш и Шри Ланка.

Од Штипската клиничка болница за МИА потврдија дека се примени 12 повредени од сообраќајката и се прегледани од хирург и ортопед.

Директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев изјави дека по извршените прегледи и добиени снимки ќе се утврди кои од повредените ќе бидат задржани на болничко лекување.

Како што претходно соопшти АМСМ, сообраќајот Радовиш-Штип кај рудникот Бучим е во прекин во двата правци.

МИА