дома Македонија ТЕШКО НАС: Ако ајатолахот го изгугла Дане Талески, отиде Мариово

ТЕШКО НАС: Ако ајатолахот го изгугла Дане Талески, отиде Мариово

Богдан Илиевски, еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, реагира со потсмев по заканата до Иран од кандидатот за македонски амбасадор во НАТО, Дане Талески.


„Ако ајатолахот го изгугла Дане Талески, отиде Мариово“, е коментарот на Илиевски на Фејсбук за предупредувањето до Техеран од прилепчанецот дека „воопшто не е добро кога се напаѓа најважниот стратешки сојузник на Северна Maкедонија, САД“, па „Иран треба добро да размисли како ќе се постави во оваа ситуација“.