дома Македонија Тивкото мнозинство ќе ги реши изборите

Тивкото мнозинство ќе ги реши изборите

Тивкото мнозинство ќе и пресуди на актуелната власт, вели Александар Митовски уредник на Инфомакс во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“.

Неговото претчуство во однос на локалните избори е дека нешто ќе се промени на подобро, односно овие луѓе кои ги нарекуваат тивко мнозинство ќе говорат гласно зад параванот за гласање.

-Имам чувство дека нешто ќе се смени на подобро. Имам чувство дека тивкото мнозинство кое не распознава ни вера, ни нација, ни политика туку тоа знае домаќински живот. Тоа се тие домаќини на кои мислам дека им е веќе преку глава и ќе ја решат утакмицата и локалните избори на 17 октомври, вели тој.