дома Политика ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА ПОСТОИ: Истата беше услов за формирање на парламентарното мнозинство, за...

ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА ПОСТОИ: Истата беше услов за формирање на парламентарното мнозинство, за кое денес Заев даде гаранции

Како сакате кажете ја Тиранската платформа, но самата слика во кабинетот на премиерот на Албанија и присуството на лидери на партии од Македонија во тој кабинет се кажува дека нешто се постигнало, истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

-Во јавноста не само фотографијата, излегоа и сите тие прашања за кои требаше да бидат услов за да се создаде мнозинство, вели Иванов.

На прашањето зошто Иванов смета дека албанските политички лидери од Македонија биле во Тирана, а не кај него тој вели:

-Можеле истото тоа да го направат и кај мене, меѓутоа чувствувале дека не можат и еве сега јавно ги прашувам зошто не дојдоа во мојот кабинет, туку отидоа во Тирана, запраша Иванов.