дома Балкан Титовиот ,,Даглас ДЦ-65“ стар 60 години слета во Тиват

Титовиот ,,Даглас ДЦ-65“ стар 60 години слета во Тиват

Шеесет години стариот авион со кој се возел доживотниот југословенски претседател, Јосип Броз Тито, вчера слета на аеродромот во Тиват, Црна Гора, како дел од летечката ескадрила на Ред Бул клубот.

Овој авион е произведен во 1958 година во САД, направен е специјално за потребите на југословенскиот лидер.

Тито летал со него 55 пати.

Во 2004 година стана сопственост на Ред Бул, а претходно, во 1975 година СФРЈ го продала на Замбија за потребите на претседателот на оваа африканска држава, Кенет Каунда.