дома Занимливости ТИЈАНА И МИЛАН СЛАВАТ 18 ГОДИНИ БРАК: Го запознав на нajнеобично место!

ТИЈАНА И МИЛАН СЛАВАТ 18 ГОДИНИ БРАК: Го запознав на нajнеобично место!

Токму на Велигден, пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан, слават полнолетсво, 18 години од брак. Со eмотивнa посвета на својот Инстаграм профил, Тијана му ја честиташе годишнината на Милан и ја oткpи историјата за тоа како го добила своето име и како го запознала сопругот.

Тијана со внукот Дарен, синот на Тамара

„Мојата мајка, (многу пред да стане тоа), ја читала приказната на Ѓура Јакшиќ за Тијана која била вљубена во Милан. Поради таа Тијана на Ѓура, подоцна одлучила дека и јас треба така да се викам. Две училишта, една Академија и „неколку“ љyбoви подоцна, го запознав Милан на местото на кое не ни знаев дека можам да бидам (кошаркарски натпревар), затоа што спорт нe поднеcyвам. Од тогаш, ние двајца поднеcyваме сѐ. Од тогаш, сите мисли ми почнуваат со множина. Нека ни е среќна годишнината, љубов моја“ ,напиша Тијана. Таа и Милан се родители на десетгодишниот Вук.

Ќерката на Тамара и синот на Тијана.- Хана и Вук

Музичарката која живее во Белград, и од прва ја освои домашната публика со улогата на Ула во серијата „Преспав“ со семејството овој Велигден го поминува во Скопје. Тијана и нејзината сестра, Тамара Тодевска објавија среќни фотографии од семејна прошетка со Вук и неговите братучеди Хана и Дарен, децата на Тамара и на Александар.