дома Занимливости ТИЈАНА И СОПРУГОТ ИМААТ УБАВ ПОВОД ЗА СЛАВЕЊЕ: Честитки пристигнуваат од сите...

ТИЈАНА И СОПРУГОТ ИМААТ УБАВ ПОВОД ЗА СЛАВЕЊЕ: Честитки пристигнуваат од сите страни

Македонската пејачка со белградска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ ретко зборува за својот приватен живот, а зад камерите ужива во својата семејна идила. Летниот период, Дапчевиќ го искористи за да ужива на некоја eгзoтична плажа, а кога ги наполни батериите се врати во Белград, а таму имаше убав повод за славење.

Имено, Тијана и нејзиниот сопруг Милан Дапчевиќ деновиве одбележаа 20 години од бракот.

Таа на социјалните мрежи објави фотографија од неа и Милан, а под неа напиша:

Те сакам Милан Дапчевиќ. Да бидеме заедно уште 20 и 20 и 20 години (да бидеме вакви како „Faceapp“) и да се сакаме заceкогаш“.

За потсетување, Тијана и Милан од бракот го имаат синот Вук, а таа истакна дека сака повторно да се оствари во улогата на мајка.