дома Арсенал ТОА ШТО НЕМА ДА ГО УНИШТИ „ГРАД“ ЌЕ ГО ДОКРАЈЧИ „КРАСНОПОЉ“: Тестиран...

ТОА ШТО НЕМА ДА ГО УНИШТИ „ГРАД“ ЌЕ ГО ДОКРАЈЧИ „КРАСНОПОЉ“: Тестиран системот „Краснопољ“ – од непријателот остана прашина

Симулираниот непријател е уништен со гранати „Краснопољ” на воен полигон во Ленинградската област.


Репортажата од бригадните тактички вежби во кои учествуваа 2000 војници и повеќе од 500 единици техника ја сними рускиот телевизиски канал „Ѕвезда“.

Според сценариото, непријателот преживеал напад на повеќецевни ракетни фрлачи. Тогаш во акција стапија самоодните хаубици со калибар 152 милиметри 2С19 „Мста-С”. Тие врз целите истрелаа гранати „Краснопољ”. Гаѓањето беше коригирано со беспилотни летала.

Прецизноста на гаѓањето беше исклучителна, во што можете и самите да се уверите.

Артилериската граната „Краснопољ” е конструирана кон крајот на 70-те во Тулското конструкторско биро за машиноградба. Ласерската полуактивна глава за самонаведување е проектирана и произведена во Ленинградската оптичко-механичка асоцијација. Овие гранати се наменети за артилериските системи Д20, 2С3М „Акација”, 2С19 „Мста-С”, 2А65 „Мста-Б”. Ласерскиот обележувач на целта овозможува истовремено маркирање на најмногу три цели. Гранатата погодува тенкови на растојание од 5 до 7 километри, а покрупни објекти на растојание до 15 километри.

Со помош на „Краснопољ“ беше ликвидирана група терориста кои од минофрлачи ја гаѓаа руската воздухопловна база Хмејмим.

https://www.youtube.com/watch?v=hMbrtGQ7_lA

RussiaBeyond