ТОДОР ПЕТРОВ: НИЕ, БОНД СТИЛ И КАЛЕТО…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 todor_petrov Ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано! Војната во Македонија 2001 година не беше војна меѓу Македонците и Албанците, ниту војна меѓу православните и муслиманите. Војната во Македонија 2001 година беше симулирана војна за имплементација на определени глобални интереси на некои големи сили за свои сфери на влијание на овие простори. Зад војната во Македонија 2001 година стоеа тајните служби на НАТО и САД.

Секако, имаше помесни извршители и приказни, како алиби за интервенција и помош од поголемиот брат… Така беше и со воените игри за границата меѓу Македонија и Србија, меѓу Македонија и Косово… Така беше и со ликвидацијата на претседателот Борис Трајковски во 2004 година…

И наредна војна, не дај Боже, дестабилизација или контролирана нестабилност на Македонија, може да бидат креирани само на Калето во Скопје и во Бонд Стил на Косово. Заради суспензија на руските и кинеските проекти на Балканот, руските гасоводи и кинеската железница, заради рекомпонирање на власта со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Македонците очекуваат САД, Европската Унија и НАТО Алијансата да се откажат од обиди за рекомпонирање на власта и дестабилизација или контролирана нестабилност на државата Македонија со етнички и верски тензии со цел суспензија на руските и кинеските проекти на Балканот, со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата! И кога ќе прочитате вести со звучни наслови “Се спрема војна на Балканот”, “Се мобилизира оваа бригада таа бригада на ОВК”, “Пукање на границата меѓу Косово и Црна Гора”, “Повратници џихадисти во ИСИС од Косово и Македонија во Сирија спремаат војна на Балканот”, да пукни човек од смеа.

Која војна, кои бригади, кои циркуси… Сите тие се дел од шарените лаги на Бонд Стил и Калето, нивни креации и симулации.. А, се’ се решава експресно и професионално… Како вели народот: Дедо Коле лесно коле, тивко и без глас, не таласај… Друго е прашањето, дали инсталираните марионетски влади тоа го сакаат, повторно според инструкциите на Бонд Стил и Калето. И повторно, ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано!

Ама, ќе победиме, злото ќе го совладаме, а ѓаволот в шише ќе го сместиме… Господ Бог со нас Македонците, Господ Бог со Македонија!

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This