дома Социјални Мрежи ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ ЗА НАПАДНАТАТА ПОЛИЦАЈКА: Кога Тодор Петров се повлече од тужбата...

ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ ЗА НАПАДНАТАТА ПОЛИЦАЈКА: Кога Тодор Петров се повлече од тужбата против Асани, што остана за неа?

Актерот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски на фејсбук напиша дека е треба да се разбере ситуацијата со полицајката која се повлече и даде изјава дека не била нападната од Бекир Асани од ДУИ туку сама се удрила во Пајак возилото, со кое требало да му го дигне непрописно паркираниот автомобил.

– Генијално. Како во вицот “Он се сопна и падна на ножот друже судија, и така неколку пати”. Овој случај може да го надмине случајот на познатото “самоубиство” со два куршуми во телото на млада полицајка. Младите не паметат, но ете и по тоа сме познати. Ја разбирам младава полицајка. Кога еден Тодор Петров, ќе речеш маж, се повлече од тужбата на истиот предизвикувач за титула, што и останува на неа, освен да си ги сочува 500€, и животот.
А ги разбирам и “борците” за се и сешто и нивната кампања “стоп за насилство врз жената”. Заврши кампањата јбг. До следната издржете. Жени, стиснете заби. Баба Балерина тука ли е барем за човековите права да паламудиме. Или за неа полицајците не спаѓаат во категоријата човек?
Или можеби најсоодветен одговор би бил уште една поента од еден друг виц..”а вие што ги малтретирате црнците у Америка, а?”.. – напиша Михајловски.