дома Македонија ТОРТЕВСКИ: Со измените во Кривичниот законик пола од случаите на СЈО паѓаат...

ТОРТЕВСКИ: Со измените во Кривичниот законик пола од случаите на СЈО паѓаат во вода

Адвокатот Александар Тортевски вели дека со измените на Кривичниот законик половина од случаите на СЈО паѓаат во вода, пренесува Радио Слободна Европа

„По моја проценка околу 40-50 проценти од постапките пред СЈО ќе бидат доведени во прашање, заради тоа што ако се намалува казната или се бришат тие членови тогаш ќе настапи застареност и за кривично гонење, бидејќи се скратуваат роковите за застареност во многу случаи, во многу случаи коишто ги води СЈО и се менува во целост и практично паѓа во вода огромен дел од досега сработеното“, вели Тортевски.

Тој додава дека најверојатно од ова бенефит ќе имаат некои пратеници, односно веројатно во игра се еден или двајца пратеници коишто својот глас за уставните измени го условуваат со нивно ослободување или на нивни блиски.

„Најлошата форма на вршење на криминал и на злоупотреба на службена положба е кога тоа се прави преку менување на закон, за еден или двајца луѓе или за еден индивидуален случај. Тоа значи дека практично криминалот ја контролира и законодавната власт, а со закон може да се легализира кое било поведение, а коректни граѓани може да се осудат само затоа што криминалците диктираат некакво законско решение“, вели Тортевски.