дома Хроника ТРАГЕДИЈА:Двајца македонски планинари загинаа на Кајмакчалан

ТРАГЕДИЈА:Двајца македонски планинари загинаа на Кајмакчалан

Вчера вечер околу 23 часот и 30 минути, на македонската страна на планината Кајмакчалан загинале двајца планинари, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Најверојатно се работи за млада девојка и младо момче, на возраст од 26 и 35 години од Македонија, кои во 23 часот и 30 минути биле пронајдени мртви.

На местото каде што се пронајдени загинатите има спасувачки екипи кои со сите сили се обидуваат да ги извлечат телата на планинарите.

Временските услови на Кајмакчалан продолжуваат да бидат многу опасни, со оглед на снегот и најавените бури.