дома Хроника ТРАГЕДИЈА ВО ВЕЛЕС: Бездомник почина на клупа во центарот на градот

ТРАГЕДИЈА ВО ВЕЛЕС: Бездомник почина на клупа во центарот на градот

Педесет и три годишниот З.С од Велес починал вчера околу 16 часот додека седел на клупа покрај фонтаната Авона на главната градска улица „Благој Ѓорев“, пренесува порталот Дума.

Телото на починатиот маж го забележале граѓани кои живеат во зградата покрај фонтаната. Тие повикале Брза помош, но лекарите само ја констатирале смртта.

Увидна екипа на СВР Велес и Јавен обвинител направиле увид по што телото на починатиот маж било испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

ФОТО: Дума