дома Хроника ТРАГЕДИЈА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Жена почина од задушување откако избувнал пожар во...

ТРАГЕДИЈА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Жена почина од задушување откако избувнал пожар во нејзиниот стан!

Една жена почина од задушување во пожар што попладнево избувна во стан во скопската населба Ѓорче Петров.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека пожарот избувнал околу 16:25 часот на улицата Шидска и оти е интервенирано со пет пожарникари и две возила.

Причината за пожарот ќе се утврдува.