дома Хроника ТРАГЕДИЈА: 28 годишно момче се обеси во притворското одделение на затворот во...

ТРАГЕДИЈА: 28 годишно момче се обеси во притворското одделение на затворот во Прилеп

Кога се вратиле цимерите го нашле обесен. Се обиделе да помогнат, но веќе било доцна.

Во притворското одделение на затворот во Прилеп пред два часа се обеси притвореник.

Според првичните информации на Досие, се работи за момче на 28- годишна возраст, кое било во притвор осомничено за разбојништво.

-Според извори на Досие, никој не забележал дека момчето може да посегне по животот, Бил со неколкумина цимери во собата. Изутринава кога биле пуштени притворениците на прошетка во дворот, само момчето не излегло. Кога се вратиле цимерите го нашле обесен. Се обиделе да помогнат, но веќе било доцна, пишува порталот.