дома Uncategorized Трамп демонстpaтивно ja тргна мackата и испрати порака до Американците

Трамп демонстpaтивно ja тргна мackата и испрати порака до Американците

Американскиот претседател Доналд Трамп демонстративно ја тргна маската по враќањето во белата куќа од болницата „Волтер Рид“, каде што се лекуваше од ковида-19. Трамп испрати порака на Американците дека не се плаши од вирусот и да не дозволат да им завладее со животот.

Трамп во болницата помина четири дена, а по враќањето во Белата куќа , с епојави на балконот з ада им позира на фоторепортерите. Тогаш демонстративно ја симна маската и покажа со палците нагоре, со што испрати порака дека е добро, пренесуваат американските медиуми.

Тој повтори дека многу научил за вирусот корона, а и дека не треба да се плашиме.

„Едно е сигурно, не дозволувајте вирусот да завладее со вас, не се плашите, победете го, но и бидете внимателни“-порача Трамп.

​Тој додаде дека САД ја има најдобрата медицинска опрема и лекови на свет, и дека „вакцината доаѓа моментално“.

Трамп рече дека болницата можел да ја напушти порано, дека се чувствува сјајно, подобро не се чувствувал во последните 20 години и дека сега веќе е имун на вирусот.

Како што соопшти портпаролот на Трамп тој ќе учествува на претседатеслкиот дуел на 15 октомври.