дома Сцена ТРАМП Е ГНEВEН: Cе зaкaни дека ќе ги изгacнe сите социјални мрежи

ТРАМП Е ГНEВEН: Cе зaкaни дека ќе ги изгacнe сите социјални мрежи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се заканил дека ќе ги изгасне сите социјални мрежи доколку платформите продолжат да ги цензурираат објавите на конзервативците.

Трамп на Твитер се огласил откако таа мрежа го обележала неговиот твит и нагласила дека треба да се проверуваат информациите кои ги објавува.
Имено, ова е прв пат Твитер да ги повика корисниците да ги проверат податоците во твитовите кои ги објавува американскиот претседател.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1265601611310739456

Трамп после тоа оценил дека Твитер се меша во американските претседателски избори и ја гуши слободата на говорот.

Мрежата Твитер претходно трпела притисоци бидејќи не обраќа внимание и не ги проверува објавите на претседателот Доналд Трамп.