дома Свет ТРАМП ИСПРАЌА ВОЈСКА ВО СИРИЈА: Сака да ја уништи ИД за 90...

ТРАМП ИСПРАЌА ВОЈСКА ВО СИРИЈА: Сака да ја уништи ИД за 90 дена

Соединетите држави ја градат својата четврта воена база во Сирија, која воедно ќе биде и најголема.

Отворањето на најголемата американска воена база во Сирија се поврзува со стратегијата на Доналд Трамп дека за првите 90 дена од своето претседателствување комплетно ќе ја исчисти  територијата од терористи, вели  Кирил Семјонов, началник на Центарот за исламски истражувања на Институтот за иновациски развој.

“Вашингтон смета дека зголемувањето на поддршката на демократските сили во Сирија, во чиј состав се курдските сили за самоодбрана, нема алтернатива. На тој начин не само што се зајакнува поддршката на курдските сили од воздух , туку во регионот испраќа и копнени сили . Трамп воедно сега сака да воспостави односи со Турција, но својот став ќе го спроведе без оглед на Турција, која курдските сили за самоодбрана ги доживува како терористи.

Ова ќе биде една од низата американски бази во таа земја. Курдските портали наведуваат дека е ова четврта воена база на овој дел од Сирија, претежно населена со Курди.

Пентагон не сака да ја открива локацијата на американските специјалци од безбедносни причини, но САД ќе продолжи да ,,регрутира, подготвува, опремува и советува своите проверени партнери во Сирија за борбата против терористичката организација Исламска Држава.

Реакцијата на официјалните лица од Москва на веста за отворање на нова воена американска база во Сирија за сега нема, руските експерти сметаат дека би требало да дојде до поделба на зоните за влијание во Сирија помеѓу Русија и западната коалиција. Воедно тие истакнуваат дека американската база не смета на руските сили кои дојдоа во Сирија по барање на Асад за да им дадат поддршка на војската на Асад во борбата против терористите.

Курдските  портали , изградбата на американската воена база ја толкуваат на различни начини. Се верува дека на овој начин САД ќе води индиректна војна во Сирија и Ирак, бидејќи сојузниците од западната коалиција не брзаат да ги стават на располагање своите војници ан американската команда., Истотака, се смета дека ова место каде што живеат курдите ќе се користи како тампон зона во случај на евентуален напад на Иран.