дома КОВИД-19 (Коронавирус) Трамп: Иcпopaкaтa нa вakцинa пpoтив кopoнaвиpyc зaпoчнyвa cлeднaтa нeдeлa

Трамп: Иcпopaкaтa нa вakцинa пpoтив кopoнaвиpyc зaпoчнyвa cлeднaтa нeдeлa

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испораката на вакцина против коронавирус ќе започне следната недела, пренесува „Ројтерс“.

Во разговор со американските трупи во странство преку видеоврска, како дел од прославата на Денот на благодарноста, Трамп рече дека вакцината првично ќе им биде испратена на луѓето во првите редови во борбата против пандемијата, медицинскиот персонал и постарите граѓани.

Трамп има ветено дека до крајот на годината ќе бидат произведени 100 милиони дози вакцина против Ковид-19, и доволно за вакцинирање на 330 милиони Американци до април 2021 година.