дома Свет ТРАМП ЛУТ: Нордстром“ ја прекина соработката со Иванка

ТРАМП ЛУТ: Нордстром“ ја прекина соработката со Иванка

Доналд Трамп на Твитер ја нападна трговската компанија за луксузни стоки „Нордстром“ поради исфрлањето од продажба на модната линија на неговата ќерка Иванка, оценувајќи го тој потег како „многу неправеден“.

– „Нордстром“ многу неправедно се однесуваше кон мојата ќерка. Таа е прекрасна личност. Секогаш ме поттикнува да го направам правилниот потег, напиша американскиот претседател.

Тој тоа прво го „твитна“ на својот личен налог, а потоа го преобјави и на официјалниот профил на претседателот на Твитер, што досега беше наменет само за прашања од државен интерес.

„Нордстром“ минатата недела ја прекина соработката со Иванка Трамп, официјално поради лошиот пласман на нејзината модна колекција.