дома Актуелно ТРАМП МНОГУ ГИ САКАЛ ГРЦИТЕ: Претседателот на САД потпиша декларација со која...

ТРАМП МНОГУ ГИ САКАЛ ГРЦИТЕ: Претседателот на САД потпиша декларација со која Грчкиот ден на независноста е празник во Америка, бидејќи многу ги сакал!

Претседатело на САД Доналд Трамп на 25 Март годинава, на денот на Грчката независност, повика граѓаните во САД да го проследат овој значаен ден со соодветни церемонии и активности, сметајќи дека тоа е многу важен ден и за Американците

„Ги сакам Грците“ рече претседателот Трамп на приемот кој се одржа во Белата Куќа во петокот, на кој претседателот на САД ја потпиша декларацијата за Американско-Грчкото пријателство кое е многу тесно поврзано, а двете демократии силно испреплетени.

Грчкиот ден на независноста е национален празник кој се слави секоја година на 25 март, со кој се одбележува стартот на Грчката војна за независност во 1821 година, како што велат кога Грците се кренале на војна против Отоманската империја која ја окупирала Грција речиси 400 години.

Со декларацијата, потпишана од Трамп, Грчкиот ден на независноста стана и државен празник во САД.

https://www.youtube.com/watch?v=CoLFYoPhDaE