дома Европа ТРАМП ПОРАДИ СИТЕН ДОЖД НЕ ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ЗА...

ТРАМП ПОРАДИ СИТЕН ДОЖД НЕ ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ЗА ГИНАТИ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Доналд Трамп не можел да присуствува на комеморацијата во Франција за американските војници за гинати во Првата светска војна бидејќи поради дожд било невозможно да се организира превоз, објави Белата куќа.

Тој го откажа доаѓањето во последен момент, поради што беше критикуван како на социјалните мрежи, така и од некои официјални лица од Германија и Велика Британија, кои го обвинија дека со тоа ги понижил американските граѓани кои служеле во војната.

Според најавите, Трамп и неговата сопруга Меланија требаше да оддадат почит на церемонија на американските гро бишта во Бело, 85 километри источно од Париз, но поради ситен постојан дожд и ниски облаци, хеликоптерот не можел да лета до таму.

„Нивното присуство е откажано поради логистички тешкотии предизвикани од времето“, соопшти Белата куќа, додавајќи дека место нив, делегацијата ја предводел пензионираниот генерал Џон Кели.

Меѓу оние кои го критикуваа Трамп беше и Николас Соумс, внук на Винстон Черчил.

„Тие загинаа свртени со лицата кои свои непријатели, а патетичниот Доналд Трамп се уплашил од малку дожд“, напиша Соумс на Твитер.