дома Свет ТРАМП СИ ИГРА СО ОГАН: Продолжени caнкциитe кон Русија на уште една...

ТРАМП СИ ИГРА СО ОГАН: Продолжени caнкциитe кон Русија на уште една година!

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги продолжи санкциите кон Русија кои беа воведени поради кризата во Украина за една година, беше објавено во извештаите од Белата куќа.

„Акциите и политиката на Русија и понатаму претставуваат огромна закана за националната безбедност
и надворешната политика на САД“, се вели понатаму во соопштението потпишано од претседателот Трамп, пренесува Тасс.

Санкциите кон Русија воведени поради кpизaтa во Украина се однесуваат неколку руски поединци, меѓу кои се и владини функционери, бизнисмени и неколку компании, како и лидерите на украинските области Донјецк и Луганска.