дома Свет ТРАМП ЌЕ ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ ПРЕД ДВЕ БИБЛИИ

ТРАМП ЌЕ ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ ПРЕД ДВЕ БИБЛИИ

Доналд Трамп ќе положи заклетва како претседател на САД пред две Библии – неговата, подарена од мајка му во 1995 година и онаа што била користена од Абрахам Линколн пред век и половина.

Церемонијата на заклетвата ќе биде водена од претседателот на Врховниот суд, Џон Роберт.

Во 2013 година, при полагањето на заклетва за вториот претседателски мандат, Барак Обама ја подигна десната рака, а левата ја постави врз две Библии – едната користена од Абрахам Линколн при стапувањето на должност во 1861 година, а втората што му припаѓала на Мартин Лутер Кинг, борецот за граѓански права во текот на 50-тите и 60-тите години од минатиот век.