дома Политика ТРАЈЧО ДИМКОВ: Граѓаните не се задоволни од владата на СДСМ, Македонија тоне...

ТРАЈЧО ДИМКОВ: Граѓаните не се задоволни од владата на СДСМ, Македонија тоне на секое поле

Да се наметнува тезата дека ние не сакаме во ЕУ и НАТО сметам дека не е во ред. Меѓутоа сме и цврсто и цврсто стоиме дека не треба да има промена на уставното име. Значи овој договор прво е многу штетен и тоа ќе го видете во следните фази. Ќе се случат работи кои не ги посакуваме сите ние, вели Трајчо Димков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, во вчерашното гостување во дебатната емисија на МТВ.

Според него, СДСМ сами го почнале целиот процес за промена на уставното име на Македонија сами, без да ја вклучат опозицијата, додавајќи дека и сами треба да го завршат.

Ние сакаме да сме дел од ЕУ и НАТО, но основното прашање е дали требаше да се обезличиме и обесчестиме, да си го промениме името. Имаше по достоинствени решенија и во целиот процес тие почнаа сами , и сега на крај ние да се вклучуваме и да поднесуваме амандмани за нешто што нема решение, објасни Димков.

Димков се осврна и на лошите економски политики од актуелната власт на СДСМ.

Имаме реализација на 23 проценти на капиталните инвестиции. Значи единствениот двигател на развој на економските политики се капиталните инвестиции, тоа што го правеше ВМРО-ДПМНЕ, тука најверојатно и бруто домашниот производ ќе биде многу мал, што значи дека не очекува лоша економска политика, изјави тој.