дома Македонија Тргната е лавината, нема назад: ВМРО-ДПМНЕ најави силна победа и во населбата...

Тргната е лавината, нема назад: ВМРО-ДПМНЕ најави силна победа и во населбата на Спасовски

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжи со активностите на терен во втората изборна единица во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори.

Тимот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја посети кумановската населба Перо Чичо, од каде што потекнува носителот на СДСМ во втората изборна единица и технички премиер Оливер Спасовски.

-Газиме моќно во н. Перо Чичо 💪 Ќе го победиме јако Спасовски и на “домашен терен” Тргната е лавината, нема назад…

#ИсправиСеМакедонијо 🇲🇰, порача на социјалните мрежи Бране Петрушевски, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2.

И покрај тоа што Спасовски потекнува од ова населено место, сепак ВМРО-ДПМНЕ редовно победува во неговата населба.