October 6, 2022, 2:49 am

Трговија со бeбиња на Балканот, yaпceни двајца бугарски државјани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата во Германија уапси двајца бугарски државјани под сомнение за вмешаност во трговија со бебиња на Балканот.

Маж (58) и неговата сопруга (51) се уапсени во Нојнкирхен минатиот четврток, соопшти денеска германската полиција.

Тие се товарат дека биле дел од криминална организација која тргува со новородени бебиња. Се сомнева дека дури осум жени во напредна бременост биле однесени од Бугарија во Грција и дека по раѓањето ги земале нивните бебиња и ги предале на други соработници на криминалниот клан, кои се осомничени за продажба на децата.

На мајките наводно им ветувале пари доколку им дадат деца.

Откако беше покрената истрага во Бугарија, за нив беше распишана европска потерница. Според полицијата, тие биле фатени додека се возеле со автомобил, а потоа биле уапсени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This