January 30, 2023, 9:33 am

Тргyвaњето со криптoвaлути нова зaвиснoст – во Шкотска првата клиникa за зaвиснoсти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тргувањето со криптовалути може да предизвика зависност како дрогата. Ова му е познато на терапевтот Тони Марини, кој работи во „Кестл крег“ во Шкотска, првата клиника за третирање зависници од тргување со криптовалути во светот.

Побарувачката за третмани се зголемила десеткратно во последната година, според Марини, откривајќи дека има многу пациенти кои изгубиле пари затоа што ги загубиле лозинките.

– Не слушаме за луѓето што изгубиле многу пари. Тие се засрамени, чувствуваат вина. Не сакаат да зборуваат за тоа – изјавил Марини.

Во клиниката се третираат зависници од тргување со криптовалути од 2018 година. Многу пациенти се зависни и од дрога или алкохол, што може да доведе и до зависност од криптовалути.

Марини открил дека најчесто луѓето почнуваат со тргување со криптовалути бидејќи сакаат да купат нешто на темниот интернет и проблемот почнува преку користењето дрога и алкохол.

Во клиниката пациентите може да користат телефон само два часа неделно, а дозволено им е да консумираат само никотин и кофеин, покрај храната и безалкохолните пијалаци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This