дома Македонија ТРЕВОГА ВО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: Итна инетревнција на пожарникарите откажана

ТРЕВОГА ВО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: Итна инетревнција на пожарникарите откажана

Скопските пожарникари биле повикани да интервенираат во амбасадата на САД во Скопје, потврдија за Телма извори вклучени во интервенцијата.

Но по проверките на пожарникарите од безбедносните служби на амбасадата, повикот за интервенција бил отповикан и на пожарникарите им било кажано дека најверојатно станува збор за вклучен аларм за пожаp по грешка.

Не е познато дали случајот е поврзан со настанот од последното соопштение на МВР за спречен теpоpистички напад од страна на ИСИС и во соработка со партнерска држава.