дома Македонија ТРЕТ ДЕН ШТРАЈК СО ГЛАД: Екс-министерот и останатите приведени трет ден гладуваат...

ТРЕТ ДЕН ШТРАЈК СО ГЛАД: Екс-министерот и останатите приведени трет ден гладуваат откако беа повторно приведени

Чавков по неполни 24 часа, поминати во домашен притвор со уште четворица поранешни началници во МВР, во вторникот половина час после полноќ, беа уапсени и вратени во притвор по барање на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.

Веќе трет ден, поранешниот Министер за внатрешни работи и поранешен директор на БЈБ, Митко Чавков, штрајкува со глад во истражниот затвор во Шутка.

Чавков по неполни 24 часа, поминати во домашен притвор со уште четворица поранешни началници во МВР, во вторникот половина час после полноќ, беа уапсени и вратени во притвор по барање на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.

Иако највисокиот Врховен суд, мерката им ја замени со куќен притвор, сепак, Кривичниот совет на скопска единица, како што велат адвокатите на притворените, направи правен преседан и петтемина поранешни припадници на МВР ги врати во затворот во Шутка.

По жалбата за притворите сега треба да одлучува апелациониот суд, но барем досегашната пракса, за овој случај, покажува дека второстепениот суд, одлуки по жалба за мерката притвор донесува на два-три дена пред истата да истече, бидејќи Вишото јавно обвинителство тогаш ги известува дали ја прифаќаат мерката што ја бара обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.