дома Култура ТРЕЈЛЕР: Македонскиот краткометражен филм повторно во трка за награда

ТРЕЈЛЕР: Македонскиот краткометражен филм повторно во трка за награда

Натпреварот „FilmConvert Competition“ се оддржува шеста година по ред, а оваа година има дури 713 учесници од целиот свет.

Ова е единствениот Македонски краткометражен филм, во огромната конкуренција.

Натпреварот е поддржан од големи компании за филмска опрема, а дел од нив се Rode Microphones, Blackmagic Design, Atomos, Panasonic Lumix, Korro, Syrp, Insta360, Wipster и многу други.

Во продолжение можете да го погледнете Македонскиот краткометражен филм „Dogs of War“.

Доколку ви се допадна и сакате да дадете поддршка на наши, македонски натпреварувачи, тоа можете да го направите на следниов линк.

Екипата се состои од фантастичните Александар Ѓоргиевски, Димитар Даневски и Елизабета Јовановска.

Како режисер и автор на филмо, се потпишуваат Пеце Здравковски и Бојан Соклевски, а фотографиите се на Ѓорги Вацев.