дома Политика ТРИБИНА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: УМС Ѓорче Петров организираше трибина на тема...

ТРИБИНА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: УМС Ѓорче Петров организираше трибина на тема “Инволвираност на младите во политиката”

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров денеска одржа трибина на тема “Инволвираност на младите во политиката”.

На трибината присуствуваа претседателот на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ Тони Менкиноски, поранешниот пратеник и амбасадор Оливер Шамбевски, како и претседателот на ОК Ѓорче Петров Бојан Стојаноски.

Младите ќе бидат носители на политичките процеси кој ќе го олеснат нивниот живот и преку политичката инволвираност ќе ја дадат својата контрибуција во подобра и посилна држава.

Со политичката вклученост ќе можат да се решат многу проблеми кои се присутни во нашата генерација.