дома КОВИД-19 (Коронавирус) Тринаесет фудбалери од Македонија имаат коронавирус

Тринаесет фудбалери од Македонија имаат коронавирус

Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ – Запад.

Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за kopoнавирус потврдија дека вкупно 13 фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на ковид-19.

Според пропозициите за натпреварување, ждреб ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втора МФЛ – Запад за натпреварувачката сезона 2020/21.

Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за корoнавирус на екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница, Натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на Втора МФЛ – Исток, велат од ФФМ.